Пејачката Аврил Лавињ (38) ги потврди гласините дека е во врска со раперот Тајга (33).
Во понеделникот, на модната недела во Париз, парот размени нежности пред сите, а сето тоа беше фатено од папараците. Прошетаа и низ насобраната толпа држејќи се за рака.

Претходно, тие исто така беа заедно на модна ревија и изгледаа шармирани еден од друг и си шепкаа на уво. Неколку пати беа видени заедно,а минатата недела отидоа и на забавата на Леонардо ди Каприо.

Инаку, Аврил во февруари потврди дека раскинала со музичарот Мод Сан (35), со кого се сврши во март минатата година. „Тие беа заедно и беа верени до пред три дена кога тој отиде на турнеја, па ако нешто се смени, тоа е новост за него“, рече портпаролот на Модо.
Музичарот ја запроси Лавињ во Париз и и подари свршенички прстен во облик на срце. Пејачката двојка сподели со своите следбеници неколку фотографии направени за време и по запросувањето.
„Сонував дека те запросив во Париз. Го извадив прстенот и те замолив да го носиш. Се спуштив на едното колено и те погледнав во очи. Премногу си убава за да те опишуваат со зборови. Ти ја фатив раката и последниот здив… Реков: ќе се омажиш ли за мене? И таа рече – да“, напиша Мод Сан под објавата на Инстаграм.
Пејачката во интервју за People се осврна и на романтичното запросување. „Тоа беше најдоброто, најромантичното запросување што можев да го посакам. Бевме во Париз, пловејќи по реката Сена. Имавме виолинист, шампањ и рози. Се чинеше како времето да застанало и во тој момент бевме само ние двајца“, раскажуваше таа.
Аврил беше во брак со Чад Крогер (48) фронтменот на групата Nickelback и so музичарот Дерик Вибли (42).Додека пак Тајга беше во врска со Кајли Џенер, Иги Азалеа и Блек Чајна.
