Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ѕвездите што за малку не ги добиле познатите филмски улоги во кои нивните колеги се прославиле

Дали ова се нивните најлоши животни одлуки или само лоша среќа? Да видиме…

Можете ли само да замислите некој друг во улогата на госпоѓа Смит – која доведе до една од најголемите контроверзии во поп културата, Бранџелина? Дали Титаник ќе ви ја донесе потребната емоција доколку наместо Леонардо Ди Каприо глуми друг актер? Искрено, не би знаеле.

Како и да е, колку и да ни звучи смешно, нелогично или надвор од контекст, одредени славни личности имаа пет минути да направат аудиција за главните улоги во некои од најголемите филмски продукции. Некои едноставно одбија затоа што не го виделе потенцијалот, некои биле премногу зафатени со други ангажмани, а некои едноставно среќата не им се насмевнала …

Дознајте во галеријата која од вашите омилени sвезди може да ги глуми вашите омилени филмски ликови – некои од нив може да ве изненадат доста. Нас сигурно не изненадија.

Мадона во „Враќањето на Бетмен“
Мадона ја пропушти својата совршена можност да ја игра улогата на „Жена-мачка“ бидејќи одлучила да ја одбие култната улога што и ја понудиле. Автоматски улогата и припаднала на Мишел Фајфер, што таа со задоволство ја прифатила. „Секако жалам поради тоа, навистина треба голема храброст, да се одбие таква улога“.

Кејт Бланшет во „Поблиску“
Џулија Робертс ја играше Ана, една од главните улоги во филмот, но за време на едно интервју таа открила дека улогата првенствено не била наменета за неа. „Мораше да се каже, режисерот ја имаше предвид Кејт Бланшет, но во тоа време таа имаше бебе – благодарам Кејт“.

Скарлет Јохансон во „Џуманџи“

Аудио снимка кружеше на Интернет во 2011 година, во која Скарлет ја читаше улогата на Џуди на аудицијата на филмот, која сепак и припадна на Кристен Данст.

Гвен Стефани во „Господин и Госпоѓа Смит“
Не можеме ни да замислиме како би било доколку Гвен ја прифатеше оваа иконска улога, дали ќе постоеше „team Gwen“? „Имав силна желба тоа да го остварам, но музиката ми беше поважна.“

Ема Вотсон во „La la land“

Ема морала да ја одбие главната улога во оваа хит остварување и да ја препушти на Еми Стоун, бидејќи во нејзиниот зафатен распоред не можеше да направи доволно квалитетен простор за снимање на овој филм.

Метју Меконахи во „Титаник“

Метју Меконахи скоро ќе беше „Кралот на светот“. „Тоа беше една од аудициите од која излегов и помислив – ја имам улогата. Навистина уживав. Кејт Винслет уживаше, но на Камерон повеќе му се допадна Леонардо Ди Каприо“. Навистина, не можеме да замислиме никој друг освен Лео во оваа улога.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement