Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ѕвездите на новата кампања на Victoria’s Secret се буцкасти

Божиќната колекција долна облека на „Victoria’s Secret“ беше претставена во нова кампања во која учествуваа модели од сите профили – млади, средовечни, слаби, буцкасти.

Пораката што брендот сака да ја испрати со новата рекламна кампања е позитивен поглед на светот, соработката, прифаќањето и прославата на индивидуалноста и различноста.

Тука се 51-годишната Хелена Кристенсен и 50-годишната Даниела Пестова, но и плус сајз манекенките Кендис Хафин и Девин Гарсија.

Новата кампања прикажува нова ера на деловно работење на позната марка која со години ангажираше само модели со совршени пропорции.

Валентина Сампајо стана првата трансродова манекенка која започна да работи за оваа модна куќа. Со оваа одлука, директорот на „Victoria’s Secret“, Ед Резек, се обиде да го искупи несоодветниот коментар за трансродовите модели по ревијата во 2018 година, поради што се најде на удар на јавноста.

„Дали треба да имаме трансродови модели на ревијата? Не мислам. Зошто? Бидејќи нашето шоу е фантазија “, рече тој во тоа време во интервју за магазинот Вог. Поради таа изјава, тој изгуби два долгогодишни модели – Карли Клос и Лили Олдриџ.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement