Ако можевте да предвидите како и кој ден ќе умрете, дали би сакале да знаете? Ретки се луѓето кои сакаат да се соочат со вакви тешки факти, па излегува дека незнаењето е благослов. Но, некои немаа друг избор освен да го почувствуваат тоа – во форма на непријатно страшно чувство, претчувство што не можеа да го извадат од главата. Ова им се случи токму на овие славни личности:
Notorious B.I.G
Мотивот на смртта често се појавува во музичките дела на бројни автори. Еден рапер кој секако беше посветен на темата на смртта беше Notorious B.I.G. вистинско име Кристофер Валас. Неговите албуми се полни со мисли и претчувства за смртта. На крајот, тој го именувал својот деби албум „Ready to die“, а неговото последно издание било наречено „Life after death“. Тој бил застрелан во 1997 година и преживеал, но после тоа ги напишал стиховите „Се колнам во бога, се чувствувам како смртта да ме посакува“. За жал за него, смртта дојде, и тоа брзо.
Mikey Welsh
Иако стиховите за смртта се во прашање на лична интерпретација, објавата на социјалните мрежи како онаа на Мајк Велш објавена во 2011 година е нешто поконкретна и вознемирувачка. Поранешниот басист на Визер објави на Твитер дека само сонувал дека починал во Чикаго од срцев удар. Таа година, на почетокот на октомври, тој отишол во Чикаго да ги види членовите на поранешниот бенд. Токму таму тој се предозирал во својата хотелска соба и починал. Ова не беше резултат на прекумерна количина на лекови, но како официјална причина за смртта беа наведени срцева слабост и срцев удар.
Tupac Shakur
Иако постојат теориии на заговор дека пејачот воопшто не е мртов, најмногу заради неколкуте албуми на рапери објавени по неговото убиство во Лас Вегас. И покрај тоа, Tupac имал неколку грозни предвидувања во годината кога починал. Тој најпрво преку своите стихови се објавил како пророк: „Ме стрелаа и ме убија, можам да ти кажам како се случи тоа од збор до збор“. Потоа, во едно интервју неколку месеци пред да биде убиен, на новинарско прашање: Tupac каде ќе бидете за пет години? – тој одговорил “ќе бидам на гробиштата“.
Mark Twain
Роден како Самуел Клеменс, славниот писател имал страшно претчувство една година пред неговата смрт. Роден во 1883 година, буквална легенда вели дека неговото раѓање е поврзано со појавата на кометата Хали. Твен во 1909 година изјави дека ќе умре следниот пат кога ќе се појави кометата. Ова се случило следната година, а Твен починал како знак истиот ден кога кометата помина најблиску до Земјата.
Pete Maravich
„Пистол“ Пит Маравич беше генијален кошаркар и сè уште го држи рекордот за највисок стрелец во НЦАА дивизија 1. Покрај многу успешната кариера на колеџ, тој имаше одличен резултат и во НБА и бил пофален како многу ветувачки талент. И покрај својата младост и добро здравје, тој ја шокираше јавноста во 1974 година за време на интервју за весник во Пенсилванија, во кое ја објави својата смрт. Тој му даде изјава на новинарот „Не сакам да играм 10 години во НБА и потоа да умрам од срцев удар на 40-годишна возраст“. Сепак, по 10 години – во 1980 година, тој ја завршил својата кариера во НБА, а потоа во 1988 година, на само 40 години, тој едноставно пропаднал и починал од срцева слабост.




