Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Што се случува помеѓу Клуни и актерката што ја поврзаа со Бред Пит?

Иако пред четири години го кажа судбоносното „да“ на режисерот Том Акерли, атрактивната 30-годишна актерка Маргот Роби во повеќе наврати била поврзувана од светските таблоиди со различни актери, меѓу кои и 56-годишниот заводник Бред Пит. Меѓутоа, сега се пишува, споменувајќи го 59-годишниот Џорџ Клуни, сепак, во сосема поинаков контекст.

Имено, New Idea пишува дека Маргот е крајно огорчена од актерот и дека тој е подготвен да ѝ ја уништи кариерата. Но, Маргот е во добри односи со режисерот Дејвид О.Расел, со кого планира да работи на идни проекти. Од друга страна, гореспоменатиот режисер и Џорџ Клуни не можат да се поднесат едeн со друг, уште од нивната голема кавга со снимањето на филмот „Three Kings“.

Поради проблемите, пишува споменатиот таблоид, Џорџ ја ставил Маргот на „црната листа“, однос на списокот на актери со кои не сака да соработува во иднина. Значи, ако режисерот посакува актерот да глуми во филм, само под еден услов, без Маргот Роби.

„Ова е лоша вест за Маргот. Таа била неверојатно возбудена кога дозна дека Клуни и неговиот тим изразија интерес да работат со неа, и сега ништо од тоа. Кога ја дознала причината, не се двоумела. Нема да дозволи тоа да ја загрижува“, откри извор близок до познатата актерка.

Патем, написи за аферата на русокосата Маргот и Бред Пит, кои го делеа големото платно во филмот „Once upon a time in Hollywood“, веднаш се појавија во медиумите. „Бракот на Маргот со продуцентот Том Акерли бил ставен на тест затоа што тој едноставно не можел да ја поднесе помислата дека неговата сопруга ќе биде сама со Бред“, открил неименуван извор во тоа време.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement