Секогаш мислиме дека многу добро се познаваме себеси, но можеме да откриеме разни интересни работи кои не сме ги знаеле за нас само доколку посветиме дополнително внимание на нашето тело.
На пример, дали знаевте дека формата на вашите нокти или бојата на очите можат да кажат многу работи за вас? Вистина е. И забавата не застанува тука.
Нашата крвна група открива зошто дејствуваме на одреден начин. Секоја личност наследува различна крвна група – А, Б, АБ и О (што понатаму се разликува како негативна и позитивна), а со помош на анализа на крвната група, можно е да се создаде сигурен психолошки профил на некоја личност.
Јапонците, на пример, го применуваат методот на анализа на крвните групи во секојдневниот живот. Во 1930 година, јапонски професор по име Токеји Фурукава го објави својот труд во кој се наведува дека луѓето кои имаат иста крвна група (А, Б, АБ и О, нема разлика помеѓу негативни и позитивни) имаат многу слични карактерни црти.
Оттогаш, категоризацијата на крвта се нарекува ketsueki-gata, па затоа цврсто се вкорени во јапонската култура. Наместо астролошки хороскопи, повеќето луѓе го користат овој метод при избор на идни партнери. Од средината на 20 век, на Запад се спроведоа истражувања кои ја поврзуваат крвната група со личното здравје.
Постои и мислење дека одредена крвна група може да нè направи повеќе склони кон одредени болести или може да нè заштити од нив, а храната по крвни групи станува сè попопуларна.
Еве што откриле науката и ketsueki-gata за секоја крвна група.
Крвна група А
Ако имате крвна група А, вие поседувате фантастични одлики на личност, според ketsueki-gata. Карактерно сериозни, креативни, паметни, резервирани, трпеливи и одговорни. Понекогаш сте малку тврдоглави и ретко дозволувате „работите да ви се скршат врз грбот“. Вие сте силна и стабилна личност.
Многу е тешко да ги искажете своите чувства и се плашите да им се предадете пред нив. Ви недостасува храброст и ви носи многу штета. Вие сте романтична душа. Во љубовта, вие сте најкомпатибилни со луѓе кои имаат крвни групи А и АБ.
Луѓето ве доживуваат како интензивна личност, а тоа може да биде поврзано со фактот дека луѓето со крвна група А имаат поголемо ниво на кортизол, хормон на стрес што тече низ нивните вени. Луѓето со крвна група А претпочитаат физичка активност како што се јога или Таи Чи, отколку трчање или кревање тегови, бидејќи тие ја намалуваат напнатоста и ризикот од срцеви заболувања.
Предноста на луѓето со крвна група А – тие се помалку привлечни за комарците, покажува студијата спроведена од Институтот за технологија за одржување и контрола на штетници.
Крвна група Б
Ако имате крвна група Б, вие сте страствени, активни, креативни и силни. Практично сте личност која претпочита да ги одработи работите и да ги доведете до крај, отколку да сонувате. Понекогаш сте малку импулсивни и неодговорни и ви е тешко да им простите на луѓето. Прилагодливи и флексибилни. Имате авантуристички дух.
Преокупирани сте со сегашниот момент и не се грижите премногу за тоа што претстои, но штом ќе се заљубите за вас никој друг не постои. Во љубовта, вие сте најкомпатибилни со луѓе кои имаат крвни групи Б и АБ.
Билансот е најважен за луѓето со крвна група Б. Ако одите од крајност во крајност, можете да го нарушите ритамот на спиењето, да го зголемите ризикот од депресија и отпорност на инсулин, вели др. Питер Адамо, натуропатски доктор и автор на книгата „4 типови на крв за 4 начини на исхрана“. Луѓето со крвна група Б треба да јадат зелен зеленчук и млечни производи со малку маснотии.
Крвна група АБ
Ако имате крвна група АБ, вие сте мирна, рационална и прилагодлива личност. Исто така, можете да бидете критични и неодлучни. Некои луѓе дури мислат дека имате двојна личност. Понекогаш ви треба малку повеќе време да прифатите некои работи.
Живеете според вашите чувства. Затоа понекогаш може да се однесувате наивно. Вашата сродна душа можете да ја најдете во која било крвна група.
Една студија, објавена во списанието Неврологија, открива дека луѓето со крвна група АБ имаат 82% поголем ризик од когнитивен пад и се изложени на најголем ризик од губење на меморијата подоцна во животот. Ако имате крвна група АБ, важно е да живеете здрав начин на живот.
Според студија на Универзитетот Харвард, луѓето со крвна група АБ имаат 23% поголем ризик од срцеви заболувања отколку луѓето со крвна група 0. Избегнувајте кофеин, алкохол и пушење. Луѓето со крвна група АБ имаат посилен имунолошки одговор на бактеријата „Хеликобактер пилори“, вели епидемиологот Густаф Едгрен.
Крвна група 0
Ако имате крвна група 0, вие сте личност полна со самодоверба и оптимизам. Имате силна волја и многу развиена интуиција. Вие сте социјална личност и често сте во центарот на вниманието. Сепак, знаете како да бидете опседнати со себе. Исто така, може да бидете ладни и непредвидливи.
Во љубовта се однесувате како во деловното работење: вие сте темелни и упорни, без комплекси, дејствувате отворено и самоуверено. Најкомпатибилен со луѓе кои имаат крвна група 0 и АБ.
Луѓето со крвна група 0 се многу отпорни на стрес, но кога стресот ќе ги надмине, многу е тешко да се опуштат, вели др. Џинџер Неш, натуропатски лекар, во списанието „Персонализиран живот“. Затоа, луѓето со крвна група 0 бараат малку поинтензивно вежбање.
Според студија на Универзитетот Харвард, луѓето со крвна група 0 имаат најмал ризик од развој на хронични болести.
