Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Што кажува вашиот парфем за вас?

Дали мирисите што ги избираме можат да откријат каква личност сме? Изгледа дека можат. Откријте дали сте број еден во кое било весело друштво или кариерист.

Ричард Забер, британски експерт за парфеми, тврди дека нашите својства се рефлектираат во аромите што ги сакаме.

„Еден куп теоретичари и научници открија дека во парфемот што го носите има повеќе отколку што изгледа и јас сум тука за да дознаам што точно кажува мирисот што го носите за вас“, рече тој.

Сандаловото дрво е специфично, исто како и оние што го носат. Доколку уживате во оваа арома, веројатно сте успешен кариерист и перфекционист. Дрвенестите мирисите рефлектираат сигурни луѓе на кои другите можат да се потпрат. Тие се исто така чест избор за оние кои сакаат авантури и престој надвор.

Аромите од цитрус најмногу ги сакаат самоуверените водачи, авторитетни луѓе со силна амбиција. Ако носите парфем од цитрус, тогаш веројатно имате силен ум и не прифаќате „не“ како одговор.

Мирисот на лаванда е класичен и безвременски. Оние кои сакаат парфеми со мирис на лаванда се наводно одлични пријатели, а пријателството се цени повеќе од што било друго. Исто така – тие се одлични тимски играчи. Вие сте личност која секогаш вложува дополнителен напор во нешто, ќе ги изненадите пријателите кога ќе бидат лошо расположени, ќе организирате ручеци за средби, а за време на пандемија веројатно ќе ги повикувате редовно сите луѓе што сакате да ги проверуваат.

Водени, свежи парфеми им се допаѓаат на смирените, кул луѓе со слободен дух. Обично се сонувачи со неисцрпна имагинација.

Слатката ванила е омилен избор на луѓе кои се сѐ, само не ванила! Тие се диви и се во центарот на вниманието на секоја забава.

Ванилата е психоген афродизијак, а љубителите на оваа арома обично се полни со енергија, сакаат да се дружат, да се забавуваат и не сфаќаат ништо премногу сериозно.

Некои кокосот ги потсетува на морето, а оние кои не се откажуваат од неговиот мирис во текот на целата година, според Ричард Забер – се во тренд по секоја цена.

Тие се исто така чувствителни, не прифаќаат критики најдобро и не се справуваат со нестабилни периоди од животот.

Богати, потешки, чоколадни и зачинети ароми се совршени за зимата и обично ги избираат жени кои сакаат луксуз и се разгалуваат. Тие се полни со самодоверба, секси, добро се познаваат и никогаш не се воздржуваат. Тие зграпчуваат сè што им нуди животот, сакаат луксуз и земаат што сакаат без извинување.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement