Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Шпанскиот заводник Хозе Антонио Домингез Бандерас со години важи за еден од најатрактивните и најпосакуваните мажи во светот.Која е жената која засекогаш му го заклучи срцето на Антонио Бандерас?

Познатиот холивудски заводник вчера наполни 62 години.

За повеќе од 40 години кариера се прослави со многу улоги и постигна завидна кариера на која многумина можат да и позавидат.

Покрај големите улоги, Бандерас со години го привлекува вниманието и со приватниот живот, а најмногу со бракот со Мелани Грифит.

Иако изгледа сосема неверојатно, тој никогаш не се стремел да биде актер. Уште како момче Бандерас сакал да стане фудбалер, но кога имал 14 години ја скршил ногата и тие соништа исчезнале засекогаш.

Случајно отишол во драмското училиште АРА, а потоа се обидел во театарот, каде што ја добил својата прва работа. Режисерот Педро Алмодовар го покани на аудиција за филмот „Лавиринт на страста“ во 1982 година и тогаш започнува неговата актерска кариера.

Потоа следуваше улога во филмот „Законот на страста“ во кој глумеше хомосексуалец, а за тој филм се интересираа многу медиуми. Тоа е и првиот бакнеж на Бандерас со маж на големото платно.

1991 година беше пресвртница во неговата кариера, бидејќи стигна до Холивуд. Упадна во мејнстрим филмовите со улога во „Филаделфија“ а останатото е историја.

Бандерас долго време е еден од најсексипилните мажи, но и покрај таа титула, тој никогаш не водел раскошен живот. Во 1986 година се ожени со Ана Леза со која беше десет години, но брзо се разведоа бидејќи тој се заљуби во Мелани Грифит.

Тие се запознале на снимањето на комедијата „Двојниот заводник“, и двајцата брзо сфатиле дека се создадени еден за друг. Тие се венчаа во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а во истата година се роди и нивната ќерка Стела.

Но, и на таа љубов и дојде крајот и овој славен пар се разведе, но тој постојано велеше дека Грифит бил и останува неговата најголема љубов. И покрај тоа што не живеат заедно, актерот има одлични односи со ќерката и поранешната сопруга.

По оваа разделба, Антонио Бандерас се запозна со дваесет години помладата Никол Кембел, со која долго време е во емотивна врска. Сепак, тие никогаш не се венчале, бидејќи како што велат животот е пред нив, не брзаат да стигнат никаде.

Бандерас вчера наполни 62 години, а пред пет години имаше сериозни здравствени проблеми и по тој повод му беа вградени два стента.Тој е еден од најдобрите актери на сите времиња. Во текот на својата долга кариера сними 112 филмови и не планира да застане тука. Актерот се чувствува одлично и, како што повеќепати истакна, го чекаат уште многу достигнувања, награди и филмови.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement