Мадона и нејзината ќерка Лурд Леон се појавија на Модната недела во Њујорк за да присуствуваат на ревијата на Tom Ford, кого пејачката го обожава. Но, сите гледаа во нивните лица и стајлинг! Кралицата на попот и нејзината ќерка изгледаат како да им направиле „нешто“ на лицата, а иако тоа не е ништо ново за Мадона, сите се изненадени од фактот што Лурд изгледа како да е отидена „под нож“.
Пукна деколтето, Лурд покажа повеќе отколку што сакаше во црн фустан без прерамки, кој ги истакна нејзините тетоважи. Мадона, која секогаш сака да шокира, се одлучи за црн сатен и задолжителни ракавици, со градник од тантела и лента за глава во стилот на седумдесеттите.

Кога ги извадила виолетовите очила, сите се изненадија бидејќи кралицата на попот за таа прилика носеше портокалова перика, а веѓите ги избеле и ги направи невидливи.
