Гвинет Палтроу го прослави својот 48-ми роденден гола и насмеана! Актерката реши да им се заблагодари на обожавателите на сосема поинаков начин, малку необичен за неа, а фотографијата во најмала рака шокираше.
– Само во мојот роденденски костум и ништо друго – напиша насмеаната Гвинет, која ги покри градите со рацете и интимните делови од телото со ногата.
– Ви благодарам многу на сите за роденденските желби – додаде актерката како од мајка родена.
Нејзината постапка на почетокот ги шокирала сите придружници, а најмногу нејзината ќерка Епл Мартин (16), која остана во стравопочит. Тинејџерката била видно шокирана и остави многу краток, но јасен коментар.
– Мамааа – беше нејзиното зачудување, а коментарот доби огромен број лајкови.
Гвинет Палтроу гола и во чекор со природата
Актерката се реши на овој чекор со цел пред сите обожаватели да претстави нов производ од својата колекција „Goop“. Станува збор за органски путер за тело, кој никогаш не добил подобро рекламирање на овој начин. Иако е актерка, веруваме дека Гвинет и било толку лесно да се соблече во нејзиниот двор и само да ја објави фотографијата на Инстаграм, но сега нејзиниот нов производ сигурно ќе има рекордна продажба. Мудро, нема што.
