Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Шер си најде нов, 40 години помлад дечко: Има деца со Амбер Роуз и многу скандалозни врски …

Легендарната Шер (76) е видена како излегува од ресторан во Западен Холивуд цврсто држејќи го за рака Александар Едвардс (36), потврдувајќи ги шпекулациите дека има нова љубов.Едвардс во еден момент романтично и ја бакнал раката на пејачката, а многумина забележале дека тој е многу внимателен кон неа, откако и рекол да ја гледа како чекори бидејќи патот не бил рамен.

Пејачката за оваа пригода носеше целосно црна облека, која се состоеше од широки црни панталони и топ со ремен, лелеав капут и црни чизми. Изгледа дека Едвардс бил целосно синхронизиран со својата нова девојка, бидејќи се одлучил и за целосно црна комбинација.

Она што многумина ги заинтригира е фактот дека Александар Едвардс е дури 40 години помлад од неа. На јавноста и стана познат по излегувањето со најпопуларните ријалити ѕвезди, а има вонбрачни деца со Амбер Роуз (се забавуваше со Канје Вест) и Белк Чина (се забавуваше со Роб Кардашијан).

Амбер Роуз го обвини Алексадр дека ја изневерува со 12 различни жени, а потоа тој во живо на Инстаграм и ги призна сите свои неверства.

Новото момче на пејачката Шер не е популарно во Холивуд, бидејќи важи за сериски прељубник токму поради горенаведените примери.

Шер сè уште јавно не проговорила за наводите за нивната романса, но очигледно е дека меѓу нив има нешто повеќе од музичка соработка, бидејќи во последните неколку месеци тие неколку пати беа фотографирани заедно во јавноста додека разменуваат нежности.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement