Јужноафриканската актерка Шарлиз Терон вчера наполни 47 години. Зад неа е тешко детство, многу борба, одлична кариера и не толку успешен љубовен живот.
Талентираната актерка Шарлиз Терон се истакна во филмовите како „Ѓаволски адвокат“, „Моќниот Џо Јанг“, „Бизнис во Италија“ и „Монструм“ за кои во 2003 година беше наградена со Оскар за најдобра главна актерка.
Шарлиз пораснала на семејната фарма во близина на Јоханесбург со нејзиниот татко Чарлс кој бил со француско потекло и нејзината мајка Герда која била со германско потекло.
Трагедијата што се случи во нејзиното семејство остави длабока трага во нејзиното воспитување и живот. Имено, Шарлиз била сведок на смртта на нејзиниот татко кога имала 15 години. Нејзиниот татко бил алкохоличар и ја малтретирал нејзината мајка која кобниот ден го убила во самоодбрана.

Таткото пукал во Шарлиз и нејзината мајка, а актерката во една прилика изјавила дека е чудо што ниту еден куршум не ги погодил. На крајот, нејзината мајка ставила точка на оваа трагедија.
За нејзиниот татко рекла дека е болен човек и дека животот со алкохоличар е безнадежен.
Актерката, зборувајќи за медиумите за трагедијата, изјавила дека тогаш се правела дека тоа не се ни случило, бидејќи не сакала да споделува болни моменти со другите. Таа рече дека им кажала на луѓето како нејзиниот татко загинал во сообраќајна несреќа. Таа не сакаше никој да ја гледа како жртва.
По семејна трагедија, на 16-годишна возраст, актерката се преселила во Милано, каде што работела како модел. Подоцна, таа оди во Њујорк каде посетува часови по балет, но нејзината кариера како балерина беше спречена поради повреда на коленото.
Таа замина од Њујорк во Лос Анџелес, каде ја доби првата улога во филмот „Children of the Corn 3“.
По оваа улога започнува нејзината успешна кариера како актерка, а Шарлиз гола позирала и за магазинот „Плејбој“ во 1999 година.
Круна на нејзината кариера беше филмот „Монструм“ од 2003 година, во кој таа ја толкуваше главната улога. Станува збор за улога на сериски убиец, а најпознатиот холивудски критичар Роџер Еберт ја нарече нејзината изведба една од најголемите претстави во историјата на светската кинематографија.
Иако по освоениот Оскар стана една од најбараните и најплатените актерки во Холивуд, Шарлиз отсекогаш важела за скромна личност која никогаш не го привлекувала вниманието на јавноста и медиумите.

Актерката немала среќа во љубовта како во кариерата.
Таа се забавуваше со пејачот на „Third Eye Blind“, Стивен Џенкинс, но таа врска заврши кога Шарлиз изрази желба да се омажи. Стивен не го сакаше истото како неа, па парот раскина.
После тоа, таа беше во врска со ирскиот актер Стјуарт Таусент, со кој дури и живееше заедно. Тие беа во врска 10 години, по што раскинаа.
Актерката накратко беше во врска со колегата Рајан Рејнолдс, по што стапи во романтична врска со актерот Шон Пен. Врската траеше година и пол и за тоа време дури и се верија, но на крајот Шарлиз на чуден начин ја прекина врската.
Според американските медиуми, Шарлиз едноставно „исчезнала“. Таа престана да одговара на мејловите на Шон и да му се јавува, едноставно го исклучи од својот живот.
Бидејќи долги години сакала да стане мајка, Шарлиз решила да посвои дете. Таа посвои син во 2012 година,три години покасно таа посвои и девојче.
