Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Шакира „побегна“ со синовите во познато мексиканско одморалиште и со насмевка на лицето покажа дека свртела ново поглавје во својот живот…

Најпрво пред еден месец светот ја објави веста дека фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се разделуваат по 11 години љубов, во кои станаа родители на два сина. А сега познатата Колумбијка со своите деца заминала на одмор далеку од Барселона каде што живеат и покажа дека продолжила да си го живее својот живот…

Новите фотографии на пејачката Шакира за миг го обиколија светот, а на нив се гледа како познатата Колумбијка весело се насмевнува и ужива во друштво на синовите Милан и Саша на плажа во Мексико.

Само неколку недели претходно, познатата 45-годишна пејачка беше фотографирана во друштво на млад сурфер на плажата во Барселона, каде што живее.

Но, по раскинувањето со дефанзивецот на Барселона, се зборуваше дека пејачката копнее да го напушти градот Андалузија, каде што нејзиниот живот повеќе не е ист. Затоа славната Колумбијка го искористи летниот одмор и периодот во кој нема музичка турнеја и со синовите Саша и Милан замина во мексиканското одморалиште Кабо Сан Лукас, инаку познато место за средба на богатите и славните. .

Облечена во комплет со боја на лаванда со реси кој одлично и одговара на исончаната кожа, атрактивната Колумбијка ја задржа насмевката на лицето, давајќи до знаење дека разделбата од долгогодишниот партнер не и е премногу тешка.

Да потсетиме, во мај годинава почнаа гласини дека пејачката го пронашла 35-годишниот дефанзивец на Барселона во кревет со Сузи Кортез. А набрзо уште една личност се „заплетка“ во целата приказна.

Имено, според пишувањето на шпанскиот Marce, Жерар Пике не тагувал долго поради пропаднатата врска со Шакира, поради што ќе мора да одат на суд за да се договорат деталите за старателството над децата. Како што откриваат добро упатени извори, фудбалерот со недели наводно бил во врска со девојка која ја запознал во ноќен клуб во Барселона.

Пејачката и десет години помладиот фудбалер се запознале за време на снимањето на спотот за нејзиниот сингл „Вака Вака (Овој пат за Африка)“, кој подоцна стана официјална химна на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement