Манекенката позираше додека сонцето заоѓа на тераса со поглед на море, облечена само во минијатурни бели гаќички за капење.Германскиот супермодел Хајди Клум (49) неодамна на социјалните мрежи објави фотографија од својот сопруг, музичарот Том Каулиц (32), гол, а сега на своите следбеници им ги покажа сите свои „активи“.

На Хајди не ѝ се непознати топлес фотографиите, а сега во преден план ја стави својата бујна позадина без никаков белег на целулит.

Се чини дека „жешката“ фотографија е направена за време на нејзиниот неодамнешен летен одмор на островот Свети Вартоломеј на Мали Антили.

На одмор ѝ се придружија нејзиниот сопруг Том, нејзините четири деца и идентичниот брат близнак на Том и колега од бендот, Бил Каулиц (32).

За потсетување, Хајди и Том се венчаа во 2019 година по две години врска. Тие често објавуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи и не кријат дека се уште се многу вљубени.

