Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Хрватски град на првото место на најубави градови на море во Европа: Дали се согласувате?

Романтичен град на брегот во кој секој со задоволство се враќа секогаш.

Conde Nast Traveler направи листа на најубавите приморски градови во Европа. На прво место е хрватска Истра, односно градот Ровињ, пренесува Index.hr.

Рик Џордан, еден од авторите на списанието, е фасциниран од хрватското крајбрежје и неговите приморски градови. Тој пишува дека ги обожава Дубровник, Вис и Хвар, но го избрал Ровињ за најубав град на морето во Европа.

Ровињ го фасцинира „со својот брег, средновековните ѕидини и стариот град, боровите шуми, малите заливи, морски плодови и малвазија“.

Исто така, Џордан е воодушевен од „возењето велосипед до пристаништето, како и малите ресторани лоцирани на рабовите на карпите покрај морето“.

Зад Хрватска, на листата се и Италија, Португалија, Франција, Шпанија, Грција и други земји. Второто место го зазеде Plage de Saleccia, песочна плажа со тиркизно море која се наоѓа на самиот север од францускиот остров Корзика.

Третото место на листата на споменатото туристичко списание го зазеде Фавињана, еден од петте острови од северот на Италија.

Дали сте биле во Ровињ и дали се согласувате со титулата што ја доби?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement