Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Хороскоп: Која варијанта на џин-тоник е најдобра за секој знак?

Не постои аспект од животот во кој не можеме да вклучиме астрологија. Верувале или не, ова важи и за коктелите. Љубителите на џин-тоникот веќе долго време ги имаат своите омилени комбинации кога станува збор за додатоците на овој обожаван коктел. Астрологот и хомеопат Ен-Луиз Холанд откри за списанието „Good Housekeeping“ кој додаток е всушност идеален за одреден хороскопски знак.

ОВЕН- јalapeño пиперка

Овните се страствени, импулсивни и огнени по природа. Бидејќи сакаат и јаки зачини, мало количество на јalapeño пиперки ќе бидат совршен додаток на нивниот коктел.

БИК – рузмарин

Биковите се познати по тоа што се големи љубители на експериментирањето кога станува збор за гастрономијата, но најмногу од сè ја ценат квалитетната, нутриционистички вредна и класична храна. Затоа рузмаринот ќе им одговара во тие креации.

БЛИЗНАЦИ – цреша

За шармантните и привлечно дрските близнаци додадете две сочни цреши во нивниот џин-тоник, како симбол на нивната двојност.

РАК – лаванда

Мирисот на лаванда е еден од оние што веднаш нè поврзуваат со домаќинството, и никој не поминува дома толку време како раковите. Нивниот џин-тоник е најдобро украсен со гранче лаванда.

ЛАВ – грејпфрут

Лавовите обожаваат лето, сонце и топлина. Освежителните цитруси одат совршено со оваа комбинација и затоа парче грејпфрут е совршено за нивниот џин-тоник.

ДЕВИЦА – ѓумбир и нане

Дури и кога пијат, практичните девици размислуваат за здравјето. Ѓумбирот и нането ќе го задоволат нивното рафинирано непце кога станува збор за додавање ароми на џин-тоникот, а истовремено и потребата да биде здрав коктел додатокот.

ВАГА – јагода

Романтични и шармантни ваги сакаат сè околу нив да биде убаво, вклучувајќи го и коктелот. Затоа украсете го нивниот пијалок со убава и зрела јагода.

СКОРПИЈА – капина

Скорпиите се едни од најмистериозните хороскопски знаци. Ги привлекуваат ретки и скапи работи, а во светот на овошјето дефинитивно е вкусна капина.

СТРЕЛЕЦ – свежа краставица

Стрелците се секогаш отворени за сите опции и дефинитивно не сакаат да ги комплицираат работите. Тенките парчиња краставица се едноставен додаток на нивниот џин-тоник што ќе ги освежи.

ЈАРЕЦ – кора од портокал

Овој хороскопски знак ја цени традицијата и конвенциите од секој поглед. Затоа зачинете го неговиот џин-тоник со класичен додаток – кора од портокал.

ВОДОЛИЈА – домат

За разлика од Јарецот, Водолијата едвај чека да испроба необични комбинации што не одговараат на никому, и дефинитивно може да биде џин-тоник со парче домат.

РИБА – цвеќе што се јаде!

Додадете некое цвеќе што се јаде на најголемите сонувачи на зодијакот во нивниот џин-тоник, и ќе ја задоволите и нивната романтична страна.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement