Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ХОРОСКОП – Во следните денови, универзумот ни испраќа магична енергија: Еве каква карма ќе ни донесе врската помеѓу Марс и јазлите на Месечината

Хороскоп – Марс се спојува со северниот јазол на Месечината и ни носи чудесни промени и нови можности!

Во петокот, на 26 март, Марс се спојува со северниот јазол на Месечината на 13 степени Близнаци, а Сонцето ја прегрнува Венера на 5 степени Овен во близина на Кирон.

И двата аспекти се енергетски многу моќни. Тие отвораат нови можности, носат увид и повикуваат на промени.

Ако сте вклучени во некои околности и не знаете како најдобро да ги организирате во ваша корист, искористете го овој период за да одите напред. Универзумот ви подарува покана да се разбудите, за поинаков начин на дејствување што води кон подобар исход. Сега заборавете на старите начини, старите обрасци на однесување што ве одведоа во ќорсокак.

Охрабрете се, стапнете во непознатото, направете нешто поразлично од порано и видете што ќе ви донесе тоа.

Обрнете внимание на информациите што ќе дојдат до вас. Една средба, разговор, кратко патување може да ви помогне во сè.

Бидете храбри, покажете иницијатива, не се замарајте со исходот, разбудете верба во себе и во сопствените способности.

Искористете го приливот на енергија што ви го испраќа Универзумот и отклучете ги вашите потенцијали. Движете се и покрај вашите стравови. Вие сте посилни од нив.

Врската помеѓу Марс и јазлите на Месечината носи кармичка порака. Дали сте во можност да видите дали сте на вистинскиот пат или сте залутале? Во која насока ве води животот? Не давајте отпор. Препуштете се целосно. Можно е некои околности да бидат појасно прикажани, разоткриени и да се расплетуваат точно како што е важно за вашиот личен раст. Имајте доверба во животните процеси.

Во исто време, Сонцето и Венера во Овен имаат желба да љубат, да уживаат, да освојуваат, да сакаат. Додека се „гушкаат“ во близина на Кирон, се отвораат некои чувствителни, ранливи места.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement