Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Хороскопски знаци кои воопшто немаат смисла за хумор

Сите не сме родени со добра смисла за хумор, згора на тоа, многу луѓе воопшто немаат смисла за хумор, иако мислат дека ја имаат.

Ако треба да се верува на астрологијата, чувството за хумор во голема мера зависи од хороскопскиот знак во кој се раѓа една личност, а шест знаци се издвојуваат меѓу оние чии шеги едноставно не можат да се наречат шеги.

Еве ги знаците.

Рак

Ракот сфаќа сè премногу сериозно и е премногу зрел во секоја ситуација. Животот понекогаш бара сериозност, но ако не можете да се насмеете, барем понекогаш, вашиот живот ќе биде тотална здодевност и сите ќе ве сметаат за незаинтересирана и монотона личност.

Скорпија

Скорпијата ќе се обиде да прави шега тука и таму, но скоро никој нема да ја разбере таа шега бидејќи со Скорпиите никогаш не знаете што навистина зборовите значат. Дали се сериозни или не? Нивните шеги честопати звучат како навреда и можат да им наштетат на другите.

Стрелец

Стрелците ќе се пошегуваат за да привлечат внимание, но нема да размислат двапати пред да кажат нешто. Како и во случајот со Скорпија, нивните обиди за смисла за хумор често звучат како нешто сосема друго.

Јарец

Јарците се ладни како и месецот во кој се родени, а тоа важи и за нивната смисла за хумор. Тие не сакаат да се забавуваат премногу, па дури и кога ќе се пошегуваат, луѓето мислат дека се сериозни.

Девица

Девиците се премногу насочени кон други аспекти на животот за да бидат заинтересирани за смислата за хумор. Едноставно немаат голем интерес за хумор. Тие не ги разбираат шегите ниту сакаат да ги прават. Едноставно тоа не è за нив.

Овен

Овните се многу тврдоглави и многу често не знаат како да прифатат шега, особено на нивна сметка. Тие сфаќаат сè премногу сериозно и тешко дека ќе ги слушнете како се смеат на туѓите шеги.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement