Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ХОЛИВУД: Овие 5 познати парови Се Најдоа На насловни страници поради неверство

Многу познати парови ги уништија своите бракови и врски поради неверство, а ова се некои од најпознатите.

Холивуд е преплавен со информации зошто, со кого и кога познатите парови ги изневерувале своите партнери, а тоа што добиваат таков публицитет е исто така вистинско уживање за медиумите.

И додека обожавателите на познатите парови тешко се помируваат со фактот дека нивните идоли повеќе не се заедно, ваквите грешки на познатите во повеќето случаи завршуваат на насловните страници.

Ви пренесуваме некои од најлудите приказни за неверство на познатите личности кои ги шокираа обожавателите ширум светот.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер
Додека светот моментално е опседнат со неговата обновена врска со Џенифер Лопез, која неодамна беше крунисана со веренички прстен, да не ги заборавиме гласините што се ширеа за Бен Афлек дека ѝ се додворува на дадилката на своите деца што ги доби во 10-годишниот брак со Џенифер Гарнер кој заврши со развод во 2018 година.

Тристан Томпсон и Клои Кардашијан
Оваа сага за изневерување за жал беше една од најдолгите во модерното време. Откако беше фатен како ја изневерува Лој Блер со Клои Кардашијан само неколку дена пред раѓањето на нивната ќерка Тру, Тристан Томпсон подоцна јавно ја изневеруваше Кардашијан во неколку дополнителни прилики. Клои му ги прости сите неверства, а кога изгледаа посреќни од кога било, како гром од ведро небо следеше веста дека кошаркарот чека дете со фитнес моделот Марали Николс.

Бијонсе и Џеј Зи
Кога Бијонсе ја објави „Лимонада“, беше јасно дека нејзиниот брак со Џеј Зи претрпел некакво неверство. Ова беа само сомнежи се додека Џеј Зи не објави 4:44 во кое им се извини и на Бијонсе и на нивната ќерка Блу. Иако тој никогаш не ја именувал жената со која ја изневерил Бијонсе, таа ја нарече „Беки со убава коса“ што наведе многумина да шпекулираат дека таа е модната дизајнерка Рејчел Рој. Бракот го спасиле со помош на брачно советување, кое им помогнало да ги пребродат тешките моменти.

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон
Тие двајца го полудеа светот со своите улоги во еден од најпопуларните тинејџерски вампирски филмови „Самрак“. Двојката брзо стана омилена холивудска сензација, но сето тоа пропадна кога актерката беше фотографирана од папараците со режисерот Руперт Сандерс, кој тогаш беше во брак, но и 19 години постар од актерката. Патинсон и таа раскинаа тогаш, набргу откако се смирија, но потоа се збогуваа во 2013 година за сите времиња.

Ријана и АСАП Роки
Славниот пар со денови е во центарот на вниманието поради тврдењата дека бремената пејачка открила дека Асап Роки ја изневерувал, и дека решила да стави точка на нивната врска. Сепак, нивните заеднички фотографии од Барбадос го демантираат тоа, а исто така и новинар од Париз кој ја призна грешката што ја објави оваа вест од недоверливи извори на својот Твитер и на тој начин создаде непотребна драма. На овие тврдења реагираше и дизајнерката на чевли Амина Муади, жената со која Асап Роки наводно ја изневеруваше Ријана, додека ѕвездата на RnB ја одследи од социјалната мрежа Инстаграм.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement