Некои жени не можат да имаат деца, други едноставно не сакаат. И додека поради тоа често се соочуваат со презир и недоразбирање на околината, тие опстојуваат на својата одлука, со цврсти ставови.
Џенифер Анистон
По повеќегодишни шпекулации во таблоидите, Џенифер Анистон сфати дека е доволно.
„Огромното количество ресурси што печатот во моментов ги троши обидувајќи се едноставно да открие дали сум бремена или не (по милионити пат) укажува дека владата мисли дека жените се некако нецелосни, несреќни и неуспешни ако немаат деца. “, рече Џен еднаш.
Таа додаде дека е комплетна со или без партнер, со или без дете.
„Сами одлучуваме што е убаво кога е во прашање нашето тело. Не мора да бидеме мажени или мајка за да бидеме комплетни. Можеме сами да го одредиме нашиот среќен крај“.
Рене Зелвегер
Рене Зелвегер вели дека никогаш не се стремела да биде мајка.
„Мајчинството никогаш не било моја амбиција“, изјави таа за Лондон Тајмс во 2004 година.
Таа додала дека никогаш немала очекувања што ќе прави додека не наполни 20, потоа 30 и така натаму. Едноставно се водеше од фактот дека ќе направи нешто или не.
„Само разбирам како одат работите, секој ден, и ако нешто се случи, се е во ред. Сакам само да бидам независна и да можам да се грижам за себе. Сè друго е само додаток.“
Мајли Сајрус
„Добивме уништена планета и одбивам да му ја предадам на моето дете“, изјави Мајли Сајрус за Elle 2019.
Таа истакнува дека нема надеж за мајчинство додека не се создадат услови да може да го зачне своето дете во склад со животните и природата.
Опра Винфри
Додека нејзините пријатели сонуваа да имаат деца, Опра Винфри сонуваше да стане следниот Мартин Лутер Кинг помладиот.
„Да имав деца, тие ќе ме мразеа“, изјави таа за The Hollywood Reporter 2013.
„Тие би завршиле во емисија како мојата,која зборува за мене затоа што нешто во мојот живот би морало да страда, а тоа веројатно би биле тие“, рече Опра, алудирајќи на фактот дека жените често не можат целосно да им се посветат на децата и кариерата.
Ким Катрал
Во 2003 година, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ изјави дека се обидува да не слуша што треба или што може да прави.
„Се обидувам да ги надминам очекувањата, притисокот од врсниците или се обидувам да угодам – и само слушам. Верувам дека сите одговори на крајот се во нас. Поради притисокот однадвор, во еден момент сфатив дека не сум подготвена да го направам тој чекор во мајчинството“.
Наместо тоа, Ким Катрал се смета себеси за мајка на актерите на кои им е ментор.
Ешли Џад
Ешли Џад вели дека повеќе би сакала да се грижи за децата кои немаат мајка отколку самата да биде таква.
„Факт е дека решив да немам деца затоа што верувам дека децата што се веќе тука се навистина мои“, вели таа во своите мемоари „Се што е горко и слатко“.
„Не морам да правам мои бебиња кога има толку многу сирачиња и напуштени деца на кои им треба љубов, внимание, време и грижа.
Елен Деџенерис
Елен Деџенерис признава дека не би сакала да збрка ништо околу одгледувањето дете.
„Искрено, јас и Порше веројатно би биле одлични како родители. „Но, тоа дете е човечко суштество и тоа е голема работа и голема одговорност, и не би сакала да се заебам“, изјави таа за People 2014, како што пренесува glamour.com.
Наместо тоа, таа ќе продолжи да ги поддржува суперталентираните деца во своето шоу.
