Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Хипнотизира со својот поглед: Дали е ова навистина најубавиот актер на сите времиња?

Легендарниот холивудски актер Пол Њуман е роден на 26 јануари 1925 година во американската држава Охајо. Вториот син на Терес Гарт и Артур Сигмунд Њуман, кој од мали нозе покажал интерес за глума.

Имал само седум години кога глумел во училишна продукција на „Робин Худ“ и со тоа ја постигна својата прва улога. Наскоро стана дел од детската театарска програма предводена од Театарот Хаус во Кливленд во која глумеше на 10-годишна возраст во претставата „Saint George and the Dragon“.

По дипломирањето во 1943 година, тој се запишува на Универзитетот во Охајо, но го напушта студирањето, за да биде дел од американската армија. Потоа се запишал на пилот-школата на универзитетот Јеил, кој морал да ja напушти, откако било утврдено дека е далтонист – нарушување во распознавање на бои.

По војната се вратил на класичното образование. Завршил глума и економија на приватниот колеџ Кенион, а потоа се вратил во Јеил и таму една година студирал глума во нивното училиште.

Потоа се заљубил во Џеки Вит и се ожени со неа. По раѓањето на нивниот син Скот, двојката се пресели во Њујорк каде Пол се запиша на часови по глума во легендарното „Actors Studio“ на Ли Страсберг. Во меѓувреме, тој добива две ќерки со Џеки, Сузан и Стефани.

Улогата што претставува пресвртница во неговата кариера беше улогата во филмот „Cat on a Hot Tin Roof “ од 1958 година, во која глумеше со Елизабет Тејлор. За успешниот филм ја доби својата прва номинација за Оскар, а таа година е пресвртница и во неговиот приватен живот. Имено, тогаш тој се разведе од Џеки поради неговата колешка Џоана Вудвард.

Набргу по разводот на Пол, парот се ожени, а нивниот брак, кој траеше 50 години, сè до неговата смрт, беше познат како еден од најхармоничните во Холивуд. „Зошто би излегол на бургер кога имам бифтек дома,“ изјави тој во едно интервју на прашањето дали е верен на својата втора сопруга.

Поради својот изглед и специфичните сини очи, Њуман сепак е заслужен за титулата најубав актер на сите времиња. Сепак, неговата Џоана го сакаше повеќе поради неговата смисла за хумор.

Сексапилот исчезнува по некое време и убавината згаснува, но да се омажиш за човек што те тера да се смееш секој ден? Тоа беше вистинско задоволство“, заклучи таа.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement