Во трогателна објава на Инстаграм, актерката Хилари Даф им откри на своите обожаватели и пријатели дека е повторно бремена. На видеото кое го сподели со јавноста, јасно се гледа трудничко стомаче милувано од гордиот татко Метју Кома, со кого актерката ја има и едногодишната ќерка Бенкс Виолет, додека од првиот брак го има осумгодишниот син Лука.
„Растеме !!! Претежно јас“, напиша 33-годишната актерка, која јавноста ја памети по улогите во филмовите „Пепелашка“ , „Попуст на количина“ и „Сиромашна богата жена“.
Се чини дека многу парови ја искористија пандемијата и изолацијата за да го прошират семејството.
„Карантинот беше забавен. Дете бр. 3 – 2021 година “, напиша Кома со истото приложено видео. Честитки не престануваат да пристигнуваат од сите страни, а видеото беше прегледано пет милиони пати на профилот на познатата актерка за само неколку часа.



