Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Харисон Форд повторно како Индијана Џонс – петтиот филм ќе биде последен

Харисон Форд (78) ќе се врати во својата легендарна улога. Актерот повторно ќе се реинкарнира како култен археолог. Ова го објави филмската компанија Дизни.

Петтата франшиза пристигнува во киносалите во 2022 година. Снимањето е одложено неколку пати од различни причини, пандемијата исто така играла улога, но сега ништо друго не го спречува процесот на снимање.

Режисер на филмот е Џејмс Манголд. Продуцентот на филмот, Френк Маршал, претходно изјави дека нема да го смени главниот актер и го гледа само Харисон Форд во ликот на Индијана Џонс. „Може да има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд.“ – изјави тој.

Сепак, Стивен Спилберг и Џорџ Лукас нема да бидат дел од новиот филм за бестрашен археолог, кој е подготвен да стори сé за своите цели.

Да потсетиме, првиот филм „Raiders of the Lost Ark“ беше објавен во 1981 година, 1984 година „Indiana Jones and the Temple of Doom“, потоа „Indiana Jones and the Last Crusade“ во 1989 година и „Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull“ , 2008 година.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement