Џорџ Нортвуд, кој е задолжен да ја прави косата на Меган Маркл да изгледа феноменално во секое време, открива кои 4 чекори се клучни кога станува збор за нега на коса.
Соодветната грижа е особено важна во зимските месеци, бидејќи во овој период е изложена на ветер, сув воздух поради греење и други надворешни фактори. Сето тоа ја прави кршлива и сјајот се губи. Ако ги следите овие 4 правила, вашата коса ќе изгледа добро негувана во секое време:
- Избегнувајте фенирање за рамнење на косата
“Лично, локните секогаш изгледаат порелаксирано. Кога косата е завиткана, изгледа поубаво, сјајно и поздраво. Сите недостатоци може да се видат на директно правата коса, па затоа и благите бранови се многу подобро решение”.
- Користете сув шампон за вашата коса да изгледа подебела
Сув шампон е одличен за оние жени кои имаат тенка коса. Сувиот шампон и дава текстура на косата и ја прави визуелно погуста. Џорџ нагласува дека со овој производ не треба да се претерува, бидејќи може да ја исуши косата. Користете го овој трик во посебни прилики.
- Избегнувајте употреба на пегла за коса колку што можете
Пеглите можат да предизвикаат статички електрицитет да се таложат во косата и да отстранат се што е природно од изгледот. Правата коса може да создаде безживотен изглед.
- Користете маски за коса што е можно почесто
“Редовната употреба на негувачки маски ќе ја оживее косата и ќе го врати нејзиниот сјај. Се препорачува да се користат еднаш неделно, а најдобро е да содржат оние што содржат масло од арган.”
