Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Француска улична мода: шик стајлинзи за на дожд

Дојде долго најавуваниот дожд, а со тоа и сериозен проблем: што да облечам? Падот на температурата, ветерот и влажноста на воздухот, не се секогаш пријатели на внимателно дизајнирани комбинации и фризури, па затоа инспирацијата ја баравме по улиците на Париз.

Тоа е официјално време на мантили за дожд, под кои парижанките најчесто носат долчевита или фустани. Одличен моден додаток е шамија што можеме да ја врзуваме околу вратот, која аштити од ветрот или послужи како префинет моден детал, но и како заштита на косата од влага и дожд – ако ги следиме актуелните ретро трендови.

Монохроматски изглед во есенски земјени тонови се вистинска изјава, но моделите се исто така пожелни – од карирани до цветни.

Со цел косата да не „подиви“ од влага, париските модничари ја носат во ниска пунџа или висока опашка. И за одење по влажни улици, оптимални обувки се чизми – црни или бели, или гломазни мокасини. Et voila – совршената комбинација за не толку совршено време е подготвена!

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement