Во видеото кое го објави на својот Инстаграм, таа седи на каучот и список со дестинации за одмор, а следната сцена по ‘Can We Skip To The Good Part’ е наздравување од брод во костим за капење.Пејачката Никол Шерцингер (43) не можеше да одолее на новиот тренд на Тик Ток, па сними видео кое воодушеви некои од следбениците, а налути некои од нив.
– Замислете го тоа и можете да го постигнете – стои во описот на објавата на пејачката. Сепак, нејзините следбеници негодија на оваа објава.
- Едвај имаме доволно за храна – е уште еден коментар.
- Се замислував на одмор, но еве ме на каучот – се пошегува една придружничка.
Да потсетиме, пејачката Никол неодамна уживаше на Хаваите со својот седум години помлад партнер Том Еванс (36).Двојката е во врска од 2019 година, а се запознале на снимањето на шоу за таленти во САД. Никол потоа учествуваше како член на жирито. Пред Томас, таа беше во седумгодишна врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон (37), од кого е исто така седум години постара.
