Фотографиите на Сандра Булок, на кои изгледа запуштено и неуредно, за кратко време го обиколија целиот свет и ги загрижија своите обожаватели.
Една од најубавите актерки во светот е целосно непрепознатлива. Лицето изгледа исцрпено и уморно, а гардеробата е неуредна. Веднаш се појави прашањето која е причината. Ова дефинитивно не е издание во кое сме навикнати да ја гледаме.
Сепак, сè е во ред, обожавателите можат да се релаксираат. Излегува дека има добра причина за овој изглед. Имено, Сандра снима нов филм, а ова е само дел од нејзиниот костум.
Таа се обидува што посериозно да ја долови и толкува улогата, па поради таа причина стана речиси непрепознатлива.

