Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Убаво признание: Паркот во Брисел го доби името по Одри Хепберн

Американската филмска ѕвезда Одри Хепберн ја доби својата ѕвезда на познатиот холивудски булевар, а од средата нејзиното име е во парк во главниот град на Белгија недалеку од куќата во која е родена во 1929 година.

На влезот во паркот Одри Хепберн се наоѓа бронзена биста со нејзината фигура, состав од бисти што е поставена во 90-тите години во Арнхем, Холандија, од каде потекнува семејството на мајката на актерката.

Сега има две бисти во двата града во кои го поминала своето детство, изјави нејзиниот син Шон Хепберн Ферер, кој присуствуваше на инаугурацијата на паркот на денот кога филмската ѕвезда, која почина во 1993 година, наполни 93 години.

Хепберн доби филмски Оскар како 23-годишна за улогата на принцеза во „Празникот во Рим“ со Грегори Пек, а остана запаметена и по улогите во Појадок кај Тифани, Шарад, Љубовно попладне, Мојата убава дама. Таа беше и модна икона и заштитно лице на модната куќа Живанши, а во подоцнежните години беше посветена на хуманитарната работа.

Одри Хепберн, вистинското име Одри Растон, е родена на 4 мај 1929 година, во куќа на улицата Кејенвелд 48 во бриселскиот кварт Иксел.

Нејзината мајка потекнувала од холандско аристократско семејство, а нејзиниот татко Британец работел за белгиската филијала на Банката на Англија.

Првите години од животот ги поминала во Брисел, а потоа, откако татко и го напуштил семејството, за време на војната живеела со мајка си во Арнем, вели Шон Хепберн Ферер, синот роден во 1960 година од бракот со американскиот филмски актер Мел Ферер.

Денес, италијанскиот филмски продуцент Шон Хепберн Ферер ја нагласува важноста што неговата мајка и ја придавала на нејзината улога како амбасадор на УНИЦЕФ во нејзините последни години (1988-1993).

Бронзената скулптура е направена на барање на семејството од холандскиот уметник Кис Веркаде по смртта на Одри Хепберн.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement