Да не се определиле за актерството, некои славни актерки лесно би можеле да изберат кариера на супермодели, а ние издвоивме 10 кои таа титула оправдано би ја носеле.
Станува збор за убавици за паметење кои имаат и харизма, став и она нешто што е потребно за да се истакнат во забавната индустрија.
Џејн Фонда изгледа фантастично и на 84-годишна возраст и е вистински доказ дека грижата за телото и кондицијата придонесува и за неуништливиот дух и животниот оптимизам. А со тоа и физичката убавина уште повеќе доаѓа до израз.
На листата се наоѓаат и Анџелина Џоли, Шарлиз Терон, Моника Белучи и Софија Лорен кои поседуваат нешто што ги истакнува од останатите убави жени во шоу бизнисот и кои лесно можеме да ги замислиме како најбарани супермодели и владетелки на модниот свет.
ЏЕЈ ФОНДА
АНЏЕЛИНА ЏОЛИ
ЖАКЛИН БИЗЕ
ШАРЛИЗ ТЕРОН
МОНИКА БЕЛУЧИ
ЕЛИЗАБЕТ ХАРЛИ
СОФИЈА ЛОРЕН
БРУК ШИЛДС
АЈШВАРИЈА РАЈ
МЕГАН ФОКС










