Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Убавата холивудска актерка на 48 години се пофали со завидна линија : „Жено, колку си убава!“,се дел од коментарите…

Ева Лонгорија го покажа своето прекрасно тело во жолт костим за капење позирајќи покрај базен, актерката има завидна линија и на 48 години.Ева Лонгорија позираше покрај базен на лежалка,облечена во жолт костим за капење во кој ја покажа совршената издлабена линија добиена благодарение на трудот во теретана.

Иако има 48 години, актерката изгледа совршено без никакви мани, а малку по малку тоа го докажува и на својот Инстаграм.

„Малку сол никого не би му наштетило“, напиша актерката во описот на фотографијата.

„Но, навистина, тоа тело !!!“, напиша еден фан.

”Мајко мила…”, ”Колку си убава!”, ”Совршена форма”, напишале другите следбеници на инстаграм кои не можеле да одолеат на нејзиниот изглед.

Актерката не се срами да го покаже своето лице без шминка, а многу внимава да оди во теретана, поради тоа може да се пофали со толку совршено тело.

Ева ги израдува своите фанови каде и да се појави откако долго време се бореше со вишокот килограми, додека еден ден не реши да стави крај. Таа се посвети на фитнесот, што очигледно се исплатеше. Актерката во последните неколку години најмногу е посветена на семејниот живот и грижата за својот син Сантијаго Енрике, кој го доби со 54-годишниот Хозе Бастон, со кој се омажи во 2016 година во Мексико.

Среќата ја најде со него по пропаѓањето на бракот со кошаркарот Тони Паркер. Нивното раскинување беше предизвикано од неговите бројни измами, а последната афера стави крај на љубовта меѓу нив. Имено, актерката пронашла пораки кои Тони и ги праќал на Ерин Бери, сопругата на неговиот соиграч Брент Бери. Според американските медиуми, Паркер и Лонгорија се дружеле со парот, а Паркер очигледно не и одолеал на сопругата на Брент и скандалот довел до развод на двата пара.

За време на разводот, актерката изјавила дека причината се непомирливите разлики, но на сите им било јасно што всушност се случило. Ева еднаш изјави дека тоа и ја нарушило самодовербата, но изгледа дека успеала да ја врати.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement