Светскиот топ модел Адријана Лима на почетокот на септември оваа година на својот Инстаграм профил објави дека се породила и дека родила син кој го нарекла Сајан. Сега повторно се огласи на мрежите и објави фотографија со него.
Познатата манекенка и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Ламер, како што објавија медиумите, добија син на 29 август. После тоа, манекенката на својот профил објавила фотографија од окото на нејзиниот син и го објаснила значењето на името.
Сега се појави нивната заедничка фотографија на која се гледа раката на бебето. Манекенката со фотографијата напиша:
- Ти го допре моето срце. Те сака мама, Сајан.

Да потсетиме дека симболиката на името Сајан е следна:
- Сајан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Сајан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сајан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојдовте во нашиот свет, Сајане Лима Лемар – напиша Лима.
