Маскарата служи за издолжување на трепките и за да им даде беспрекорен изглед. Понекогаш потребни се неколку слоеви за да изгледаат добро, а жените често посегнуваат по вештачки трепки. На тоа му дојде крајот!
Постои одличен трик како да ги продолжите, а за тоа ви треба обичен памук и маскара со четка.

Нанесете неколку слоја маскара на трепките, а потоа користете чиста четка за да ги фатите влакната од памукот и нанесете ги на трепките. После тоа, доволно е да се нанесе уште еден слој маскара. Веднаш ќе се забележи разликата и ќе бидете воодушевени од ефектот.

Со овој ефтин и едноставен трик, вие всушност ќе го копирате ефектот на скапите маскари со влакна – и добро е што можете да го прилагодите интензитетот како што ви одговара.
Најдобро е да го користите овој трик за вечерно излегување, кога е потребна посилна шминка.
