Ема Стоун во улогата на култниот негативец на Дизни повеќе потсетува на Џокер отколку на анимираниот филм што го паметиме од детството.
Како и многу други филмови за негативци пред неколку години, „Круела“ на Дизни ја носи нејзината позадина. Така, трејлерот што го најавува филмот што треба да пристигне во кината (или на каналите на Дизни, во зависност од епидемиолошките услови) на крајот на мај 2021 година повеќе личи на генезата на Харли Квин или Џокер отколку досега позната филмска адаптација на суровата Круела.

Според досега познатото, Круела пристигнува во Лондон во 1970-тите и сака да успее како моден дизајнер на панк-рок, што значи дека сигурно ќе уживаме во интересни костуми, фризури и изглед на шминка.


Покрај Ема Стоун, во главните улоги се и Ема Томпсон, Марк Стронг, Пол Волтер Хаузер, Емили Бичам, Џејми Деметриу, Џоел Фрај и Кирби Хауел-Баптист, филмот го режираше Крег Гилеспи, познат по филмовите „Ларс и вистинската девојка“ и „Јас, Тоња“ а еден од продуцентите е и од оригиналниот филм со Круела – Глен Клоуз.

Дизни исто така откри дека во април ќе ја издаде книгата „Hello, Cruel Heart“ во која се опишани настаните што му претходеа на дејството на филмот, скромните почетоци на тинејџер кој еден ден ќе стане Круела.
А, што можеме да очекуваме од филмот, видете во трејлерот подолу.
