Кортни Кардашијан и Тревис Баркер дефинитивно се едни од најзаљубените парови во светот на шоу-бизнисот, но ја заслужија и титулата за најскандалозни.
Двојката често е критикувана затоа што не се двоуми да ја покаже својата страст во јавност, на пример на преполна плажа или на Оскарите. Фотографиите од нивната неодамнешна венчавка во Лас Вегас не придонесоа за нивната популарност. Сопственикот на капелата потврдил дека парот бил видно алкохолизиран и дека не престанале да се бакнуваат и допираат дури и кога стигнале до олтарот.

Сега е откриен нов потег на контроверзниот тапанар кој сигурно ќе предизвика нови коментари на социјалните мрежи.
Имено, Тревис се потрудил предлогот на Кортни да биде баш како што треба и отишол чекор подалеку од многумина.
Во третата епизода од новото шоу „The Kardashians“, нејзината мајка Крис Џенер откри дека Тревис го посетил гробот на починатиот татко на Кортни, Роб Кардашијан за да побара од него дозвола да ја запроси својата сакана.

„Тој дојде таму и ја побара нејзината рака. Беше толку слатко и нежно, а тој подоцна и кажа дека е на гробот на татко и и го праша тоа“, рече Крис.
Инаку, Роберт Кардашијан, познат адвокат, почина на 30 септември 2003 година по борба со ракот.
„Сè е среќно. Посакувам татко ти да беше таму да го види. Тешко ми е да верувам дека ова е прв пат да се мажи. Зарем не е слатко?“, коментира Крис во интервјуто со Ким Кардашијан.
За потсетување, Баркер ја запроси Кортни во октомври минатата година во Монтесито пред хотелот Роузвуд Мирамар, а наводно биле присутни и нејзината сестра Клои и нејзиното момче Тристан Томпсон.
