Постои позната изрека која вели дека вкусовите се различни. Она што на една личност му изгледа добро, на друг не може да му биде толку убаво.
Секоја година, реномирани списанија за начин на живот избираат најатрактивни личности, од актери до пејачи и модели.
Овој пат порталот „Bright Side“ реши да им ја даде довербата на читателите и да ги замоли да го изберат најсексапилниот маж на светот.

Врз основа на гласањето, првото место го зазеде холивудскиот актер Кијану Ривс, кој на 56-годишна возраст сè уште е познат како мачо човек.
Иако е популарен во сите делови на светот, поради неговата скромност, животна филозофија и неоспорен талент, познато е дека филмската sвезда е омилена и кај балканските жени.
Киану Ривс досега неколку пати беше прогласуван за најсекси маж на светот, а она што многумина ги привлекува е неговиот живот, кој успева да го чува во приватност.
Папараците изгледа ја почитуваат неговата приватност, а холивудскиот актер со години вешто ги избегнува насловните страници на многу списанија.
Со таа присебност, црти на лицето кои изгледаат како да се од ренесансна слика и мистериозен живот, Кијану Ривс е убедливо еден од најфаталните мажи на кој многу жени не можат да одолеат.

Веднаш зад Киану Ривс, на второто место на листата на најсекси мажи во светот, според изборот на читателите на порталот „Bright Side“, беше актерот Џејсон Момоа, а на третиот Метју Меконахи.
Дали се согласувате дека Кијану Ривс е најсекси маж на светот?
