Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ТОП 5 ФОБИИ – Од што се плашат славните

Фобијата е изразен постојан страв, најчесто прекумерен или неоправдан, што се јавува во врска со очекување на специфичен предмет или ситуација. Додека повеќето луѓе се плашат од висина или пајаци, некои стравови спаѓаат во категоријата „бизарни“ и со кои може да се идентификуваат славните sвезди. Стравот од хартија и кловните се само некои од таквите фобии, кои ги носат славните во себе…

Актерката Меган Фокс е дефинитивно во топ 5. Имено, таа има фобија од хартија. Актерката вели дека трепери кога ќе ја допре. Хартијата толку и пречи што кога ќе го прочита сценариото за нов филм, не ја држи хартијата во рацете, туку користи пластични чаши како поделници. Својата фобија еднаш ја спореди со гребење на ноктите на табла.

Ако мислевте дека не може да биде побизарен од Меган – се излажавте. Следната sвезда што има необјаснив страв е една од најпознатите водителки, Опра Винфри. Никогаш нема да ја видите како „џвака мастика“, бидејќи многу се плаши од тоа. Опра не може да ги поднесе, затоа што имала трауми во детството. Нејзината баба лепела гуми за џвакање низ целата куќа во такви количини што создавале грозни наслаги.

Иако моментално минува низ најголемата драма во својот живот, откако е обвинет и прогласен за насилник, актерот Џони Деп со години стравувал од кловнови. Иако овој страв не е толку непознат, станува збор за сериозен проблем. Некои луѓе автоматски леат солзи кога ќе сретнат кловн и не можат да го содржат стравот и немирот во себе. Како што изјави Џони, „Тие се нашминкани и маскирани, така што не можете да знаете што стои зад нивната психо-насмевка“.

Актерот Киану Ривс не е заобиколен ниту од фобијата. Имено, тој се бори против никтофобија – страв од темница. Истиот страв може да предизвика интензивни симптоми на анксиозност и депресија. И покрај тоа што често се поврзува со деца, старите лица, исто така, можат да страдаат од овој страв.

Последен на нашата листа е поранешниот фудбалер Дејвид Бекам. Имено, тој страда од атаксофобија, односно страв од нарушување. Како што и самиот признава, дека едноставно полудува кога работите во неговата соба не се распоредени според бојата, големината и количината. Некои тврдат дека може да се види на него, затоа што е секогаш уреден и беспрекорен.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement