Сезоната на празници е веднаш зад аголот, а многу градски улици се веќе украсени и полни со магија.
Прозорците на многу бутици веќе се претворени во празнична земја на чудата, додека познатата искра што Новата година и Божиќ ја носат со себе може да се почувствува во воздухот. Иако можеби сега не знаеме како ќе ги поминеме годишните одмори поради пандемијата на вирусот корона што не освои како густа магла, постојат неколку начини на кои можеме да разбудиме добро расположение и во себе и кај своите најблиски.
Украсување на нашите домови, традиционално украсување на новогодишната елка и планирање авантура за купување во потрага по најдобрите подароци се само некои од нашите идеи. Потоа, кога сакате да останете дома, заштитени од ветер, студ и сè што се случува околу нас, филмовите со празнична тема, особено старите, ќе ве натераат да ја почувствувате таа волшебна атмосфера, на која особено се радувавте кога сте биле деца.
Овој пат, ви ги откриваме нашите пет фаворити:
MIRACLE ON 34TH STREET (1947)
Овој филм важи за еден од најпопуларните во целиот свет, а многумина од вас веројатно го имаат видено веќе неколку пати.

LITTLE SHOP AROUND THE CORNER (1940)
Класичната романтична комедија е позната со генерации… Дури 60 години по неговата премиера, овој филм не ја изгуби својата популарност благодарение на искрената приказна што ни ја раскажува.

CHRISTMAS IN CONNECTICUT (1945)
Како вистинска холивудска класика, во овој филм глумат иконски sвезди од 1950-тите.

HOLIDAY INN (1942)
Тоа е холивудска мјузикл, која ќе успее да ве расположи дури и во тие најмрачни денови.

IT HAPPENED ON FIFTH AVENUE (1947)
Ова славно достигнување се карактеризира со навистина трогателна приказна, која ќе ве потсети дека животот секогаш има подобра страна.

