Продуцентите на новиот филм велат дека бараат некој помлад, но дека ќе биде тешко да се вклопат во самиот концепт бидејќи Бонд се уште е ветеран.Продуцентите на новиот Џејмс Бонд се уште бараат актер кој ќе го портретира. Иако фановите одамна ги имаа своите миленици, меѓу нив и Идрис Елба, Том Харди и Том Хидлстон, тие за жал отпаѓаат бидејќи – се премногу стари. Така велат продуцентите на филмот, кои во оваа улога гледаат некој во триесеттите години.

“Ние се обидовме да ги вклучиме помладите актери и претходно. Но, обидот да го визуелизираме тоа не функционира. Бидејќи Бонд е веќе ветеран. Тој имал одредено искуство. Тој веројатно бил во САС или нешто слично. Тој не е средношколец што можете тренирате како сакате“, рече еден од продуцентите е Мајкл Г. Вилсон.

Бидејќи 40-годишниците очигледно не доаѓаат во предвид, тоа значи дека оваа врата се отвора за актуелните холивудски миленици – ѕвездата на „Бриџертон“ Реџе-Жан Пејџ, „Телохранителот“ Ричард Маден и Хенри Кавил, кој го играше Супермен.


Но, најпознатиот британски шпион го чека уште една промена. По смртта на кралицата, во чија служба, Бонд сега ќе биде „во служба на кралот и земјата“. Во изминатите 15 години Бонд го глумеше Даниел Крег, иако на некои не им се допадна тој избор бидејќи Крег беше многу помалку „елегантен“ од неговите претходници.
Крег има снимено вкупно пет филмови за Џејмс Бонд – Casino Royale (2006), Quantum of Solace (2008), Skyfall (2012), Spectre (2015) и No Time To Die (2021).
Вилсон и продуцентката Барбара Броколи одлучуваат за судбината на агентот 007 уште од „Golden eye“ од 1995 година, снимен една година пред смртта на нивниот татко. „Ликот останува ист во својата суштина затоа што се обидува да го направи светот побезбедно место и тоа е нешто што нема да го промениме. Како наследници се обидуваме да направиме промени, понекогаш тие промени ке успеат, понекогаш не, но ова ни овозможува постојано да бидеме иновативни“, велат продуцентите.
