Том Круз на своите познаници секоја година по повод Божиќ им праќа необичен подарок.
Станува збор за торта направена од бело чоколадо и кокос, која меѓу познатите веќе е именувана како „Тортата на Том Круз“.Досега многу познати и личности јавно се пофалиле дека ја добиле тортата, меѓу нив се Џими Фалон, Кристен Данст, Хенри Кавил, Џејмс Корден и многу други.
Во емисијата на американскиот комичар Џими Фалон гостуваше актерката Коби Смалдерс, која на нашата публика и е најпозната по улогата на Робин во хумористичната серија „Како ја запознав мајка ти“. Во разговорот, меѓу другото, се осврнаа и на претстојните божиќни празници, а особен интерес кај присутните предизвика нејзиниот ентузијазам за подарокот што Том Круз и го испраќа секоја година за Божиќ. Всушност, актерката го сними филмот „Џек Ричер“ со Том во 2016 година и оттогаш е во добри односи.
Коби откри дека актерот секој Божиќ и праќа интересен божиќен подарок ништо помалку од торта.„Тоа е бела чоколадна торта од кокос и морам да признаам дека е вкусна“, откри таа.

Таа ја насмеа публиката во студиото со својата искрена исповед дека навистина се радувала на таа торта. „Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи секој момент земам мало парче. Не знам зошто, не сум ни слатка, но ова е супер! – додаде таа со насмевка. Водителот Џими Фалон исто така призна дека и тој ја добива.
Дека оваа вест не е несолена шега потврди и самиот Том Круз во телевизиско интервју. Познатиот актер призна дека тортата за божиќните празници ја испраќа на широк список на познаници, а причината поради која го прави тоа е необична. „Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките низ кои поминувам за филмови – затоа им го испраќам на сите“, откри тој.Изгледа сите навистина уживаат во овој подарок!
