Иако Top Gun: Maverick собори рекорди и заработи номинација за Златен глобус за најдобар филм, Том Круз го нема на листата номинирани актери.Уште на почетокот во декември беа објавени номинациите за Златен глобус, а повеќе или помалку се очекуваа куп имиња на листата на истакнати актери, актерки, филмови и серии. Но, на една голема ѕвезда и беше одземена номинација и со недели не го крие гневот и разочарувањето. Одличниот ‘Top Gun: Maverick’ очекувано заработи номинација за најдобар игран филм, а се најде и на листата за најдобар саундтрак, но главната ѕвезда на филмот – Том Круз, го нема на листата на кандидати за најдобар актер.
Според извор близок до славниот актер, Том Круз не ја прифатил баш најдобро веста, а бесот го насочил кон својот познат колега – Бред Пит, кој заработи номинација за најдобра машка улога во „Вавилон“.Според “Radar Online” Круз го гледа Пит како голем конкурент со децении, уште откако заедно го снимаа Интервју со вампирот во 1994 година. Потоа дури имаше конфликт меѓу двајцата актери, а Бред Пит подоцна зборуваше за тоа колку е тешко да се работи со Круз.

„Том го сфати многу лошо тоа што Бред уште еднаш ја искористи својата врска со странските новинари за да се позиционира добро во изборот со филм кој многумина го сметаат за инфериорен во однос на Топ Ган“, вели инсајдерот.„Што се однесува до Том, Бред е виновен за оваа ситуација. Според други извори, Том е опседнат со Бред Пит и сака да биде подобар од него, иако никогаш не успева. Круз беше номиниран три пати за Оскар, но никогаш не добил, додека Бред Пит конечно ја однесе дома статуетката пред две години за неговата улога во филмот „Беше еднаш… во Холивуд“.
Tom Cruise and Brad Pitt at the premiere of "Interview with the Vampire" (1994). pic.twitter.com/4811i7UekQ
— RΛMIN NΛSIBOV (@RaminNasibov) August 2, 2020
„Том очекуваше да замине со Златен глобус за најдобар актер, па можете да замислите како се чувствува кога виде дека не е ни номиниран“, додаде изворот. Сепак, постои уште една причина зошто Том Круз можеби е изоставен од листата на номинирани. Причината треба да се бара во неговиот потег минатата година, кога ги врати трите Златни глобуси што ги освои во знак на протест на Здружението за странски новинари на Холивуд (HFPA) поради недостаток на различност и наводна корупција.Се покажа дека меѓу 90-тина членови со право на глас нема ниту еден црнец, поради што е побарано итно спроведување на реформите. Круз ги врати освоените трофеи во следните категории: за најдобар актер во „Џери Мегваер“ во 1997 година, за најдобар актер во „Роден на четврти јули“ во 1990 година и за најдобар спореден актер во „Магнолија“ во 2000 година.

Затоа се чини дека сепак за ваквата одлука не е виновен Бред Пит, туку организацијата која ги доделува Златните глобуси која на овој начин му се одмаздува на Том Круз.
