Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ТИНА ТАРНЕР ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН СИН: Страшната трагедија на легендарната пејачка…

Синот на Тина Тарнер, Рони, е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Имал 62 години, а причината за смртта се уште не е соопштена. Не е јасно дали неговата смрт е поврзана со претходната дијагноза на рак.

“Овој пат дадов се од себе до крај. Не можев да те спасам”, напишала сопругата на Рони, Афида. Ова е втор страшен пораз за легендарната Тина Тарнер. Таа го роди најстариот Крег, кој се самоуби пред четири години, кога имала 18 години за време на врска со музичар.

Рони е единственото дете кое го има со Ајк Тарнер, а ги посвоила и неговите два сина од претходниот брак.

“Мојот најтажен момент откако станав мајка. Последен пат се збогував со мојот син кога ја фрлив неговата пепел на брегот на Калифорнија. Имаше 59 години кога почина, но секогаш ќе биде мое бебе”, напишала Тина.

Познатата пејачка се разведе од Ајк Тарнер поради семејно насилство, но најбруталното претепување го добила една вечер во 1976 година,ја претепал на пат кон хотелот, а кога заспал, Тина успеала да избега од собата со крваво лице и 36 центи во џебот. Таа нашла краткорочно засолниште во блискиот мотел и на крајот побегнала во Лос Анџелес. После тоа чистела куќи за да преживее.

„Тој уништи сè – мојот статус, самодовербата, целиот мој свет. Една вечер пред настапот не можев повеќе да издржам, па испив 50 апчиња за спиење“, рече таа и додаде дека завршила во болница на испирање на желудникот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement