Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Тие се преслатки, неодоливи и богати: 6 најпопуларни инфлуенсерски кучиња од Инстаграм

Што можете најмногу да видите на вашиот Инстаграм фид?

За некои луѓе, ова се познати личности, патувања или храна, додека други имаат само еден одговор на тоа прашање – кучиња! Изреката „Секое куче има свој ден“ денес е порелевантна од кога било досега, бидејќи многу кученца, не само што го живеат својот најдобар живот, туку и заработуваат неверојатни суми пари додека јадат, молејќи ги сопствениците да го споделат ручекот со нив, исто така кога слатко за „мазат“ или молскавично рчат во сон.

ProDog Raw, компанија која произведува храна за кучиња, се погрижи за анализа на податоците на социјалните мрежи и направи список на најплатените кучиња на Инстаграм. Откријте ги во галеријата!

TurboRoo, 306 илјади следбеници, 1.068 долари по објава

Оваа чивава со две шепи ги освои срцата на многу луѓе. Роден со две шепи, кученцето покажа непобедлив дух, што го направи вистински миленик за многумина.

Maya, 2 милиони следбеници, 6.522 долари по објава

Запознајте ја Маја, куче кое изгледа како поларна мечка и им го украде срцето на многу луѓе. Овој симпатичен Самојед ја освои својата публика носејќи капи, шалови и уживајќи во вкусни лубеници!

Reagan, 501 илјади следбеници, 1.665 долари по објава

За ова куче е познато дека е многу позитивно, и ги придобива своите фанови на Инста со забавни фотографии каде го гледаме како игра голф, ужива во шолја чај, третман на лице или јаде крофни.

Doug, 3,9 милиони следбеници, 12,629 долари по објава

Ова слатко кутре честопати ни покажува колку може да биде забавен животот на кучињата! Тој ужива да плива секој ден, да носи круна и да пробува различни костими. Ја освои јавноста кога се појави облечен во костим на Baby Yodа.

Tuna, 2.1 милиони следбеници, 6.939 долари по објава

Ова преслатко куче често се насмевнува и патува низ целиот свет, а познато е по својата моќ да ги насмее сите.

Jiff, 10,2 милиони следбеници, 34,139 долари по објаава

Не е толку лесно да се достигнат десет милиони следбеници на Инстаграм, но Џиф успеа да го стори тоа со скоро 800 објави. Оваа sвезда на социјалните мрежи има повеќе од 33 милиони следбеници кога ТикТок, Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб ќе се обединат.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement