Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Тешка животна приказна на братот на Мадона:бил бездомник, а не сакал ниту цент од својата позната сестра…

Ентони Чиконе бил еден од нејзините седум браќа и сестри, а еднаш открил дека не сакал да земе ни цент од својата славна сестра.Постариот брат на Мадона, Ентони Чиконе, почина во петокот на 66-годишна возраст, објави неговиот зет Џо Хенри на социјалните мрежи. Се уште не е позната причината за неговата смрт, но познато е дека Ентони со години се борел со алкохолизмот, бил бездомник и некое време живеел под мост.

Мојот зет, Ентони Џерард Чиконе, го напушти овој свет.Го познавам од мојата 15-та година, толку години поминаа од пролетта на нашите животи во Мичиген. Како што забележува овде братот Дејв Хенри, кој ја направи оваа фотографија, Ентони бил сложен лик,Само Бог знае: понекогаш се каравме, како што можат вистинските браќа. Но, јас го сакав и го разбирав подобро отколку што понекогаш бев подготвен да признаам“, напиша на Инстаграм Џо, пејач и текстописец во брак со сестрата на Мадона, Мелани Чиконе.

Мадона се уште не ја коментирала смртта на нејзиниот брат, иако ставила емотикон на емотивната црно-бела фотографија објавена од нејзиниот зет. Ентони бил еден од нејзините седум браќа и сестри, а еднаш открил дека не сакал да земе ни цент од својата славна сестра. Тој се отуѓил од семејството и во медиумите ги обвини дека не се грижат за него.

„Јас сум нула во нивните очи, како да не сум личност. Срамота сум. Ако замрзнам до смрт, моето семејство веројатно немаше да знае или да се грижи шест месеци“, изјави тој за Daily Mail во 2011 година. Шест години подоцна, беше објавено дека Ентони завршил програма за рехабилитација и дека повторно се соединил со своето семејство.

Прочитај

Wall Street

Во време кога спортот сè повеќе се препознава како моќна алатка за позитивна општествена трансформација, со значајно влијание врз младите генерации, се појавува потреба...

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

Advertisement