Милијардерот и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, завчера се сретна со папата Франциско, а пота објави и на Твитер. Тој беше на таа важна средба со своите деца, а секако таа објава на големо се коментира.
Чест ми е што вчера се сретнав со папата Франциско“, напиша Илон Маск на Твитер.
Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd
— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022
По објавата на Илон Маск следуваат следните коментари: „Прекрасна посета, убаво е да се видат твоите деца со тебе, тоа е благослов“, „Децата на Илон Маск изгледаат како да се направени во машина за клонирање“, „Сите изгледаат како него“, „Зошто момчето има кренато рака?“, „Бој бенд“, „Четирите мускетари“, „Како растат неговите деца“, „Клонови“.
Инаку, милијардерот се врати на Твитер со оваа објава, која е истакната и во коментарите: „Добре дојде назад, Илон. Ни недостигаш. Твитер стана досаден без тебе. Ти, твоите твитови и твоето присуство го прават Твитер возбудливо,забавно и едукативно место“.
Внимание привлече и неговиот костум, кој според твитерџиите воопшто не бил добар избор. Илон Маск зад себе има три брака, двапати се оженил со иста жена. Тој е татко на осум деца. А на фотографијата го гледате со синовите Грифин, Каи, Демијан и Сакс, тројки и едно од близнаците кои ги имал со поранешната сопруга Џастин Вилсон. На фотографијата ја нема неговата трансродова ќерка Вивијан Џена Вилсон, која неодамна поднесе барање до судот во Санта Моника, Калифорнија, барајќи да го смени полот и името на Ксавиер Маск, откажувајќи се од презимето на неговиот татко. Маск не ја коментираше оваа одлука.
