Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Тајните за убавина на холивудските Диви: Од Мирен до Фонда и Сигорни вивер

Тие имаат над 70 години, но сепак нивниот изглед е младешки, благодарение на режимот што вклучува вежбање, специјална исхрана и грижа за себе и негуваат класичен стил со модерни детали.

Изгледаа одлично на 20 години, а прекрасни се и сега бидејќи Џејн Сејмор, Хелен Мирен, Џејн Фонда, Сигорни Вивер и Сузан Сарандон, познати холивудски актерки, стареат грациозно. Тие споделуваат грижа за телото и редовно вежбање, како и внимателно избрани оброци.

Хелен Мирен (75) има одличен стил, кој е прилагоден на нејзините години, но повторно изгледа модерно и не се плаши од отворени фустани и кроеви. Нејзината сребрена коса изгледа прекрасно, таа често носи кратки, модерни фризури.

Џејн Фонда (82) била кралица на аеробикот во 80-тите години на минатиот век, но и денес има фантастична линија. Витката актерка гордо ја носи сивата коса и е една од оние што не ја кријат.

Џејн Сејмор (69) се однесува како времето да не минува, бидејќи се грижи за своето тело и вежба секој ден, со цел да ја одржи добрата линија, еластичноста и виталноста.

Сигорни Вивер (70) има посебна елеганција, избира фустани кои се доволно затворени за нејзината фигура, но се гледа дека вежба, што е една од гаранциите за фантастично тело во подоцнежниот живот.

Сузан Сарандон (73) со години има препознатлив изглед, а покрај добрите гени, може да се заблагодари и на здравиот начин на живот што вклучува многу вежбање.

Прочитај

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

Advertisement