Изгледа дека Лана Дел Реј не може да го запре големиот пад на популарноста што трае речиси цели три години.
Сите очи беа вперени во Лана Дел Реј кога се појави на доделувањето на музичките награди “Billboard Woman in Music 2023“. За таа прилика таа облече жолт миди фустан со долги ракави, со ремен во иста боја и соодветни златни салонки.
Пејачката остана верна на својот ретро шик стил додекапак косата и шминката ги обликуваше по модата која беше популарна во шеесеттите години на минатиот век.

Иако беше видно среќна и полна со самодоверба, Лана со месеци предизвикува низа негативни коментари бидејќи од почетокот на пандемијата се здебели.

Да потсетиме дека Лана е многу талентирана пејачка, текстописец и композитор, но многумина ја припишуваат нејзината популарност на милионите што ги има нејзиниот татко Роб Грант. Самата пејачка никогаш не криела дека пораснала опкружена со луксуз и просперитет, што според многумина довело до сериозен проблем со дрогата и алкохолот.
Самата Лана за странски магазин изјавила дека е зависна од алкохол,на 14 години за прв пат отишла на рехабилитација.
“Пиев алкохол секогаш кога имав прилика, често сама. Тогаш се изгледаше во ред. На 14 години моите родители за прв пат ме испратија на клиника за рехабилитација”, изјавила пејачката.
Она што на сите им беше уште почудно е тоа што таа го запознала својот наводен вереник, пејачот Шон Ларкин, преку апликација за запознавање. Парот подоцна тајно се свршил, но најверојатно ја раскинал свршувачката.
Откако решила да се повлече од медиумите, Лана случајно била фотографирана во парк додека шетала и сите биле изненадени бидејќи пејачката за кратко време се здебелила 15 килограми вишок.

Од поранешната убавица се препознава само нејзиното лице, додека многумина коментираат дека и таа си го уништила лицето користејќи ботокс и филери.
Сепак, најмногу настрада креативната страна на Лана Дел Реј бидејќи таа долго време беше целосно илегална без концерти, настапи и нови песни.
Сега таа конечно објави сингл наречен A&W, а нејзините обожаватели се надеваат на големо враќање на популарната пејачка.
