Мишел, која во деведесетите беше позната како фатална жена, докажа дека и во седмата деценија без проблем може да го носи тој епитет.Откако се појави на филмската сцена, Мишел Фајфер важи за една од најубавите актерки.
Таа често ги красеше насловните страници на бројни познати списанија и беше сон на многу мажи ширум светот.
Таа извесно време беше на почетокот на кариерата во канџите на неславниот култ, како и во врски со познати холивудски измамници.
Сепак, на крајот заврши со Дејвид Едвард Кели, авторот на бројни познати серии кои ги гледавме во последните децении.
Само некои од достигнувањата зад неговото име се „Doogie Howser“, „M.D., Picket Fences“, „Chicago Hope“, „Ally McBeal“, „Boston Public“, „Big Little Lies“ и други…
- Сонцето конечно сјае во Лос Анџелес. Среќна недела на сите – напишала убавата Мишел со оваа слика.
- Прекрасна дама – беше коментарот на еден од обожавателите на актерката.
- Убава, како и секогаш – фановите се тркаа со комплименти на Инстаграм.
