Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер станаа родители.
Честитки, честитки, бидејќи Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер го дочекаа своето прво бебе. Кушнер ја сподели среќната вест на Инстаграм објавувајќи симпатична фотографија од нивното бебе, заедно со натписот „Welcome to the world.“.
Детали за полот и името на бебето сè уште не се познати.
Карли Клос ја објави веста за својата бременост во октомври минатата година, а изворот тогаш откри: “Карли е пресреќна што го чека своето прво дете. Таа ќе биде неверојатна мајка”.
Карли Клос и Џошуа Кушнер се венчале на 18 октомври 2018 година, на приватна церемонија во Њујорк. На свадбата имало помалку од 80 гости, а Клос за својата венчавка носела обична венчаница од Dior.

