Холивудската sвезда неодамна го прослави својот 34 -ти роденден, па по тој повод се сеќаваме на некои од нејзините wow стајлинзи.
Актерката, која ја започна својата кариера со значајна улога во „Sisterhood Of The Traveling Pants“, стана позната како Серена ван дер Вудсен во „Gossip Girl“ и сними филмови од различни жанрови, од „Green Lantern“ до „The Rhythm Section“ со своите модни комвинации претставува вистинска инспријација.
Лајвли е вистински холивудски ,,кулер” која покрај актерските настапи, знае како да ја забавува мултимилионска публика на Инстаграм со духовити објави и шеги за нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, да ја покаже својата страст за готвење и да зборува за социјални неправди и теми кои се важни за неа. Таа знае како да заблеска подеднакво добро на црвениот тепих и да го отелотвори стариот холивудски гламур – во фустани или костуми. Стилската Блејк не се плаши од модни експерименти, па често може да се види во костуми со вратоврски и елеци, но и фустани со пердуви, светки, црни кадифени фустани или неонски коктел фустани. Еве некои од нејзини безвременски модни комбинации.


















