Модниот универзум е најгламурозниот агол на светот што го знаеме, но како што често се случува, најблескавиот сјај лесно ги крие најтемните аспекти на човечкото суштество…
Новата серија Last Looks во 18 епизоди ќе ги реконструира подемите и падовите на шест моќни жени од светот на модата, чии крими приказни влегоа во модните анали како најтрогателни приказни за темната страна на индустријата за убавина. (Trigger warning: Ова се приказни што вклучуваат сексуално насилство и убиство.)
Од површно безопасни измами до убиства, серијата ќе опфати стари и нови истории на модниот хорор, почнувајќи од три епизоди за Anni Delvey, млада Русинка која успеа да ја убеди елитата во Њујорк за некое време дека е богата германска наследничка и која наскоро може да биде условно ослободена од затвор каде издржува казна за измама. Блокот околу Девли е проследен со неколку епизоди посветени на убиството на Maurizzio Gucci од страна на неговата сопруга Patricia Reggiani Gucci.
Додека првите два блока се веќе достапни за стриминг, ние веќе психички се подготвуваме за следните епизоди кои ќе ја раскажат приказната за убиството на дизајнерката Sylvie Cachay која беше убиена од нејзиниот (крајно лигав) партнер, кој се обиде да ја направи смртта да изгледа како самоубиство. Потоа следува реконструкција на бурниот живот и конечно убиство на манекенката Vicki Morgan која беше љубовница на Alfred S. Bloomingdale, наследникот на истоимената империја. Судбината на модната новинарка и писателка Christe Worthington, која беше силувана и убиена во нејзиниот дом, продолжува, а серијата завршува со сè уште неразјаснето убиство на младата и талентирана манекенка Руслана Коршунова, чија полемика го потресе целиот моден свет и сè уште ни дава морници…
Серијата со првите два блока е веќе достапна на платформата Quibi, наратор на серијата е токму актерката Dakota Fanning, а покрај архивските снимки и обемните интервјуа, ќе има и играни реконструкции. Судејќи според сѐ, не е за оние со слабо срце.
